📽️ ПОРАКА ОД МОСКВА, НЕ Е ЗА БРИСЕЛСКИТЕ КАМЕРИ Вучиќ ѝ шепна нешто важно на Фон дер Лајен?
Влегувајќи на прес-конференцијата, првата жена на ЕУ, со видно воздржана насмевка, му вели на српскиот лидер: „Во ред, почекај само да се тргнеме од камерите“.
Пред камерите на Европската комисија во Брисел се случил краток, непријатен инцидент што ги разнишал дипломатските кругови. Српскиот претседател ѝ рекол на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека штотуку добил порака од Москва.
На снимката, првата жена на ЕУ, со видно воздржана насмевка, му одговорила:
– Во ред, почекај само да се тргнеме од камерите.
The mic is always hot. Serbia’s president Vucic last night «I got a message from Moscow now…» von der Leyen aware of cameras «Let’s…let’s wait till we are…» pic.twitter.com/YoDuGOF44R
— Maria Tadeo (@mariatad) December 11, 2025
Размената, снимена на официјалниот влез во зградата на Европската комисија, за неколку часа се проширила низ европските медиуми и на платформите Икс и Јутјуб.
Овој инцидент доаѓа во недела кога ЕУ повторно ја разгледува европската перспектива на Западен Балкан, а Србија е под постојан притисок да ја ограничи трговската и политичката зависност од Русија.
Ниту Белград ниту Брисел не објавија официјално соопштение по повод настанот.
Преда да замине за Брисел Вучиќ, меѓу другото, изјави и дека ќе ја пренесе идејата земјите од Западен Балкан да бидат заедно примени во ЕУ. Неговата изјава го разбранува регионот. Црногорскиот премиер му возврати на Вучиќ дека Црна Гора ќе влезе во ЕУ до 2028 година и дека „таму ќе ги чека останатите соседи“.
За хрватските медиуми, пак, идејата на Вучиќ е охрабрувачка, но сепак е „надреализам“.