ПОРАДИ ПРОТЕСТОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА Утре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје
Оттаму упатија апел до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, од 17.00 часот на 17.06.2022 (петок) до завршување на настанот.
– Ќе иноформираме сите учесници во сообраќајот дека ќе биде затворен делот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај – информираат од СВР Скопје.
Оттаму упатија апел до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.