ПОРАДИ ПОГРЕШНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЈА ТУЖЕЛА ТЕЛЕВИЗИЈАТА Нема да верувате на што се подготвени луѓето
Бездомник кој помина над 20 години во затвор и на улица ги тужеше своите родители во обид да му најдат работа и побара 250.000 американски долари како надомест за емоционалната штета што му ја нанесоа.
Двајца мажи од Њу Џерси тужеа ланец за брза храна, еден бездомник ги обвини своите родители за неговиот несреќен живот, а тужбата поднесена само поради пропуштената временска прогноза ќе остане запаметена.
Случајот „Лошо време“
На една Израелка и се досади од неверодостојната временска прогноза од телевизијата и ја тужеше дека ја измамила дека ќе биде убав и сончев ден. Очигледно поради тоа, таа потенко се облекла и настинала. Таа отсуствувала од работа и била изложена на стрес. Таа доби отштета од околу 1.000 долари.
Случајот „Бизнис“
Една жена била толку лута што по завршувањето на факултетот не можела да се вработи, па одлучила да го тужи колеџот три месеци по дипломирањето. Столбот на тужбата беше дека тие не ја едуцирале доволно и не ја обучиле да најде работа. Таа побарала целосна сума на школарина што ја платила во текот на годините плус 2.000 долари поради предизвиканиот стрес.
Случајот „Сендвич“
Двајца мажи од Њу Џерси тужеа синџир за брза храна бидејќи им продавала сендвичи околу 2,5 см пократки отколку што ги рекламирале. Нивната тужба ја следеа бројни истомисленици кои најавија заедничка тужба против овој синџир за брза храна бидејќи рекламира нешто што не е вистина, а со тоа ги залажува потрошувачите.
Случајот „Бетмен“
Градоначалникот на турски град наречен Бетмен одлучи да ги тужи „Ворнер Брос“ поради продукцијата филмови со тој акционен херој. Ги замолил да признаат дека има само еден Бетмен на светот, а тоа е неговиот град, и побара надомест за користење на неговото име. Случаите на самоубиства во неговиот град ги поврза со психолошката траума поради срам, бидејќи нивниот град е непознат, а акциониот херој е познат.
Случајот „Бездомник“
Бездомник кој помина над 20 години во затвор и на улица ги тужеше своите родители во обид да му најдат работа и побара 250.000 американски долари како надомест за емоционалната штета што му ја нанесоа. Столбот на тужбата беше незаинтересираноста на неговите родители за проблемите на нивните деца, нивната сиромаштија, лошите љубовни врски и статусот во животот. Тој исто така сакаше судот да ги натера да седнат и да разговараат со него како нормално човечко суштество.