ПОРАДИ НЕГО 5.000 СОСЕДИ ОТИШЛЕ ВО КАРАНТИН Граѓанин на Пекинг сакал да шета слободно, сега е под истрага

Како одговор на тоа што човекот слободно се шетал и покрај карантинот, властите наредија 258 луѓе кои живеат во неговата зграда да одат во владиниот карантински центар, а уште 5.000 луѓе кои живеат во неговата населба сега мора да останат дома.

170

Ковид-пациент од Пекинг, е под кривична истрага откако ја избегнал задолжителната куќна изолација, поради што 5.000 негови соседи морале да бидат ставени во карантин, пишува Гардијан. На четириесетгодишникот му било наложено да остане дома на 23 мај откако влегол во трговски центар каде постоел ризик од инфекција, но тој излегол да шета многу пати, а по пет дена открил дека е позитивен заедно со сопругата.

Како одговор, властите наредија 258 луѓе кои живеат во неговата зграда да одат во владиниот карантински центар, а уште 5.000 луѓе кои живеат во неговата населба сега мора да останат дома.






И покрај ова, улиците во Пекинг, според Ројтерс, денеска биле попрометни. Тоа е затоа што на жители на двете населени места им било дозволено да се вратат на работа, додека жителите на Шангај се чекор поблиску до укинување на двомесечниот карантин, кое почнува од среда, бидејќи бројот на заболени е намален.

Во Пекинг денес се отворени библиотеки, музеи, кина и спортски сали, со ограничен број луѓе, во области каде што седум дена по ред не се пријавени случаи на коронавирус. Шангај планира конечно да го укине двомесечното затворање, но според Ројтерс, сè уште постои збунетост околу тоа како ќе изгледа кревањето на мерките.

На пример, на повеќето жители сè уште не им е кажано дека можат да ги напуштат населбите. Најголемиот дел од јавниот сообраќај сè уште е во прекин, а приватните возила не смеат да се движат по улиците без посебна дозвола.

Поврзани содржини