Поради настап заработија 119 тужби од гледачите: „Пусикет долс“ се премногу вулгарни? ВИДЕО

963

Неодамна повторно обединетата група „Пусикет долс“ на крајот на февруари гостуваше во емисијата „Д уан шоу“ на каналот Би-би-си1, а телевизијата досега добила дури 119 тужби од гледачите на кои изведбата на пејачката на синглот „React“ им била премногу вулгарна.

Имено, на некои им пречеле нивните провокативни костими, додека другите нивната кореографија ја споредиле со еротско шоу.






Перформанскот на групата, на чело со Никол Шерцингер, предизвика огорчување кај гледачите.

Би-би-си поради овие обвинувања објави соопштение во кое, меѓу другото, пишува дека овој настап бил коректен и соодветен за телевизиско емитување.

„Пусикет долс“ се познати по својот специфичен танц и облека, а освен тоа, на самиот почеток на емисијата беше најавено нивното гостување. Настапија пред самиот крај на програмата, нешто пред 20 часот. Секогаш пред нивното гостување се договараме со изведувачите за она што ќе го прикажат“, пишува во соопштението на Би-би-си.

И нивниот повратнички настап на „Икс Фактор“ доби повеќе од 400 жалби, пренесува „Дејли мејл“.

Поврзани содржини