ПОРАДИ КРАЖБИ НА СТРУЈА НАСЕЛБАТА СЕРАВА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА Жителите на две улици со години не дозволуваат реконструкција на електричната мрежа
Електродистрибуција ќе го санира дефектот со кој се засегнати 300 корисници само ако се овозможи непречен пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа.
Дефект во дистрибутивната мрежа денес, кој е резултат на долготрајните неконтролирани кражби на електрична енергија, денеска ги остави жителите на скопската населба Серава без струја.
Дефектот остави без напон цела трафостаница од која се приклучени околу 300 корисници.
Жителите на улиците „Исмаил Кадаре“ и „Кумбара“ веќе подолг период ги спречуваат екипите на Електродистрибуција да извршат дислокација на броилата. Дополнително, според информациите кои ги добивме од компанијата, жителите со години не дозволуваат да се реконструира електричната мрежа.
На прашањето на Плусинфо за кражбите и наплатата на струја во оваа населба, од Електродистибуција одговорија дека загубите надминуваат 70%, а наплатата изнесува 60%.
Електродистрибуција ќе го санира дефектот само ако се овозможи непречен пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа.