Поради ковид-19 по багателни цени се продаваат хотели во Грција
На грчките сајтови за недвижности во моментов има исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, со најголем број објекти лоцирани на Халкидики. Цените се неверојатни и започнуваат од 160.000 евра.
На северот од Грција во моментов на продажба се околу стотина хотели, а за половина милион евра може да се купи објект со базен и поглед на море кој е еден од поголемите објекти.
На грчките сајтови за недвижности во моментов има исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, со најголем број објекти лоцирани на Халкидики. Цените се неверојатни и започнуваат од 160.000 евра.
Хотелите во Асправалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Мудања, но и сите други туристички места на северот на Грција можат да се купат за малку пари, а најевтиниот објект чини само 160.000 евра и се наоѓа во Врасна. Објектот има четири апартмани и се наоѓа на 200 метри од морето.
Од 300.000 до половина милион евра, можат да се купат објекти со околу 20 соби и базен.
Хотел се продава во Неа Мармарас за само 1,5 милиони евра. Хотелот има два објекти, 44 соби, рецепција, базен, поглед на море и делумно е реновиран.
На продажба е ставен и хотел во Полихроно за 2,1 милиони евра. Хотелот располага со 41 соба и е изграден во 1990 година. Нов хотел со 25 соби може да се купи за три милиони евра. Оние што сакаат хотел на брегот, треба да издвојат пет милиони евра. Поточно, хотелот на брегот на полуостровот Касандра има 22 соби и чини 5,5 милиони евра.
Нов хотел на истиот полуостров со 28 соби чини девет милиони евра. Поголем хотел со 130 соби во Халкидики може да се купи за околу 11 милиони евра, додека уште поголем хотел со 150 соби е за еден милион поскап.