ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА Адел го напуштила ексклузивното интервју, новинарот суспендиран

Интервјуто било платено еден милион долари заедно со правата за лиценца за прикажување на ексклузивното интервју на Опра Винфри Адел „One Night Only“.

691

Водителот на утринската програма на австралиската ТВ-станица Канал 7 Мет Доран, е суспендиран на две недели откако го прекршил основното правило и ѝ признал на Адел дека не го преслушал нејзиниот нов албум (30), поради што таа го напуштила закажаното интервју.

Водителот на „Weekend Sunrise“, Мет Доран и телевизиската екипа пристигнале во Лондон за да направат ексклузивно интервју со Адел за нејзиниот нов албум „30“, за кој наводно е платено милион долари заедно со правата за лиценца за прикажување на ексклузивното интервју на Опра Винфри Адел „One Night Only“ и едночасовниот концерт. Ова требаше да биде единственото интервју што Адел го дала за некој австралиски медиум.






Откако Доран во текот на разговорот признал дека преслушал само една песна од албумот, интервјуто „неславно завршило“, а „Сони“ одбива да ја објави снимката од истото.

Доран се правдал дека не го видел мејлот во кој му бил доставен албумот, а многумина се прашуваат како успеал да направи ваква грешка.

Новинарот Питер Форд напиша дека оваа ситуација е прилично непријатна, но дека Доран е инаку личност која секогаш ги извршува своите задачи.

Сепак, некои го критикувале.

Писателката Тарла Ламберт навела дека постојат илјадници квалификувани новинари кои би направиле сè за да бидат на позицијата на Доран и дека овој „скандал“ е идеален пример за тоа како некој ја искористува привилегијата.

„Фактот дека сметал дека е разумно да прави интервју со една од највлијателните жени на светот, а да пропушти да ја праша за нејзината работа е доволна причина зошто треба да ѝ се пружи шанса на некоја друга млада надеж“, вели писателката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Doran (@mattdoran22)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини