ПОПУСТИ ДО 50% И ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ПРВИТЕ КУПУВАЧИ Отворена првата продавница на H&M во Скопје

Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Северна Македонија со ВИП настан. На прославата повеќе јавни личности и локални ѕвезди, модни ентузијасти, инфлуенсери и претставници на медиумите, кои имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање.

152

Долгоочекуваната продавница на H&M денеска се отвори во East Gate Mall во Скопје. Сите посетители добија до 50% попуст на избраната облека и оваа понуда ќе важи до 21 август. Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите фанови застанаа во редицата. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, а првиот во редицата доби ваучер во вредност од 15.000 денари, вториот доби ваучер од 10.000 денари и третиот – ваучер од 6.000 денари. Ваучери од 1.000 денари добија сите останати.

Еден од најголемите светски модни брендови го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат омилените модни парчиња.






– Го чекавме овој ден многу долго и воодушевени сме што видовме толку многу љубители на модата на отворањето на нашата прва продавница во Северна Македонија. Задоволство ни е да им посакаме добредојде на нашите клиенти и да им понудиме додадена вредност преку мода и квалитет по најдобра цена, направена на одржлив начин. Исто така, многу сум горд на нашиот тим кој го овозможи ова и кој ќе обезбеди сите во нашата продавница да имаат најдобро можно шопинг искуство – вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M.

Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Северна Македонија со ВИП настан. На прославата повеќе јавни личности и локални ѕвезди, модни ентузијасти, инфлуенсери и претставници на медиумите, кои имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање.

Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг искуство. Нејзината огромна понуда ќе вклучува разновиден избор на облека за мажи, жени, тинејџери, деца и бебиња, како и широка понуда на модни додатоци. Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот.

Поврзани содржини