Поповски: Подобро Заев да не потпишеше договор во Бугарија

871

Денес е многу тешко да речеме дека имаме црвени линии, не треба оценки да носиме за тоа што ќе се случи денес. Може да замислиме дека Германците ќе ги притиснат Бугарите, тие ќе попуштат, но тука работата не е завршена, смета ексминистерот за надворешни работи Никола Поповски.

Тој во гостување на ТВ24 вели дека подобро ќе беше премиерот Зоран Заев да не потпишел договор со Бугарија бидејќи сме во иста позиција како пред потпишувањето на договорот со Грција.






– Но дали тоа ќе ја промени крајната цел на Бугарија, тука лежи вистинскиот проблем. Не гледам дека Заев и Османи одат со дефанзива во Бугарија. Тоа што сте потпишале нешто не ја сменило крајната цел кај другиот. Подобро да не потпишете. Нас никој не ни го бараше Договорот со Бугарија во 2017-та. Денес сме во иста позиција како и пред потпишувањето на договорот со Грција. Тие (власта) гледале само да добијат симпатии кај народот – рече Поповски.

Според него, Македонија пред 2030 Македонија нема да влезе во ЕУ.

– Ние сме на 10-15 години од ЕУ, 2030 година е идеално сценарио да станеме членка. Се спротивставувам на тоа дека сега се одлучува за влегување во ЕУ, договорот е потпишан во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, имавме прва заедничка меѓувладина седница, без потпишан договор, во Ќустендил. Дел од овие работи за Коридорот 8 потекнуваат од тогаш. Договорот не ги решава прашањата сам по себе. Останаа отворени прашања уште тогаш – рече Поповски.

Поврзани содржини