ПОПЛАВИТЕ НАПРАВИЈА ХАОС ВО ТУРЦИЈА Најмалку 27 загинати

Повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани од погодените области, а некои од нив мораа да бидат евакуирани со чамци и хеликоптери.

290

Во поплавите што ги погодија турските градови долж брегот на Црното Море загинаа најмалку 27 лица, соопшти денеска Службата за вонредни ситуации, за втората голема природна катастрофа во Турција овој месец.

Поплавите предизвикаа хаос во северните провинции, додека на југот на земјата властите две недели се бореа со огнот, но Службата за вонредни состојби соопшти дека ситуацијата сега е под контрола, пренесоа британските медиуми.






Во провинцијата Кастамону, 25 лица загинаа поради поплавите, а уште две лица загинаа во провинцијата Синоп, а продолжува потрагата по исчезнатите во провинцијата Бартин.

Повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани од погодените области, а некои од нив мораа да бидат евакуирани со чамци и хеликоптери.

Поврзани содржини