🎥 ПОПЛАВИТЕ ЈА ПАРАЛИЗИРАА РОМАНИЈА Спасувачи со хеликоптери трагаат по преживеаните

Според официјалните информации, најмалку 25 села во 9 различни региони на земјата беа погодени од екстремните врнежи од дожд и урагански ветер кој корнел покриви и откорнувал дрвја, што предизвика прекин на сообраќајот на главните патни правци.

575

Во силното невреме и поплавите што ноќеска ја зафатија источна Романија животот го загубија три лица, илјадници куќи и објекти се уништени, а стотици жители морале да бидат спасувани од своите домови. Акцијата за спасување продолжува и денеска, при што хеликоптери ги бараат жителите кои останале заробени во надојдените води.

Според официјалните информации, најмалку 25 села во 9 различни региони на земјата беа погодени од екстремните врнежи од дожд и урагански ветер кој корнел покриви и откорнувал дрвја, што предизвика прекин на сообраќајот на главните патни правци.






Најтешка е состојбата во јужните окрузи Неамт и Сучава, каде што излевањето на две реки резултираше со трагична загуба на човечки животи.

Поврзани содржини