Поплавени улиците во Волково

1,699

Силниот дожд којшто попладнево почна да врне во Скопје, за кусо време ги поплави улиците во Волково. Дел од жителите ги засукаа ракавите и почнаа да ја туркаат водата, за да не им ги поплави дворовите и подрумите.

Од УХМР каде денеска напладне го најавија ова невреме, прогнозираат дека и во следните денови во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Поврзани содржини