ПОПЛАВЕН ИСТ ГЕЈТ, ПОДВОЗНИКОТ КАЈ СТОКОВНА, АВТОКОМАНДА ПЛИВА Арсовска свика Итен состанок на кризниот штаб (ВИДЕО)

Градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, соопштија од Градот.

1,794

Невремето во Скопје го стопираше сообраќајот. Слики и видеа од поплавените улици осамнаа на Фејсбук. Поплавен е новоизградениот ексклузивен трговски центар Ист Гејт Мол. Поплавен е и подвозникот кај Стоковна куќа мост. Во Автокоманда возилата до пола пливаа во реката, покажува друго видео. Претходно, поранешниот градоначалник Шилегов објави дека поплавена е улицата Кочо Рацин кај Црвениот Крст.






 

Градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, соопштија од Градот.

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода.

Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Поврзани содржини