ПОПИШУВАЧИТЕ РАБОТАТ СО ПОЛНА ПАРЕА Досега се попишале 502.000 граѓани

Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември, порача премиерот Зоран Заев.

286

Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица, објави денеска Државниот завод за стаистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.

„Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“, објави ДЗС на официјална Фејсбук страница за Попис 2021.






Благодарност до граѓаните упати и премиерот Зоран Заев.

„Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција. До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица. Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Продолжуваме заедно, до успешен Попис2021“, објави на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Поврзани содржини