Нема кафе со локум за попишувачите

Попишувачот задолжително треба да ги мие рацете и да се дезинфицира пред влегување и по излегување од домот, да одржува дистанца од 1,5 – 2,0 метри за цело време на попишувањето.

628

На речиси еден месец пред стартот на пописот, познати се препораките од Комисијата за заштита од заразни болести кои ги усвои владата на 50-тата сединца, а кои беа прифатени од Државниот завод за статистика.

Според нив, пред да влезе во домот на едно семејство, секој од попишувачите ќе мора да носи на себе заштитна маска (КН95), да користи средство за дезинфекција на рацете со 70-процентен алкохол пред и по излегувањето од домот, да го дезинфицира лаптопот пред и по завршувањето на попишувањето, како и каљачи на обувките.






Попишувачот задолжително треба да ги мие рацете и да се дезинфицира пред влегување и по излегување од домот, да одржува дистанца од 1,5 – 2,0 метри за цело време на попишувањето, а притоа не смее да ја вади или менува заштитната маска и не смее да јаде или да пие додека престојува во домот во кој врши попис.

Комисијата препорачува пописот да се врши на отворено, на тераса, на веранда или во двор, нормално со пропишаната дистанца и задолжително носење на заштитна маска (КН95), доколку за тоа постојат услови.

– Попишувачите мора строго да се придржуваат до препораките кои ги донесе Комисијата за заразни болести и не смеат да отстапуваат од нив. Тие во домаќинствата не се да тераат гости, па да јадат и да пијат таму, туку мора професионално да ја извршат задачата. Исто така мораат секако да внимаваат на своето здравје, но и на здравјето на оние каде што го вршат пописот – изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Доколку некој од попишувачите во текот на пописот појави знаци на ковид-19 веднаш ќе биде заменет со друг.

За време на тестирањето и обуката на попишувачите задолжително ќе им биде мерена температура, а доколку некој од нив има 37,2 степени ќе му биде забранет влез во училницата или во амфитеатарот. Просториите нема да смеат да примаат повеќе од 12 лица и ќе треба често да се проветруваат и да се дезинфицираат по секое предавање.

Поврзани содржини