Фаќа поп златна рипка и оваа му вели дека ќе му исполни две желби ако ја пушти во водата.
– Првата желба ми е да не бидам повеќе поп!
Во истиот момент рипката му ја зема мантијата, ја фрла во вода, и му вели:
– Добро, не си веќе поп. Која е втората желба?
– Сакам да имам скап џип, многу пари, ништо да не работам, само да уживам…
Рипката, ја вади мантијата од водата и му вели:
– Абе ти, се зезаш ли со мене!?