Пред повеќе од 20 години кружеа гласини дека британскиот принц Вилијам и пејачката Бритни Спирс се во врска, но иако сè остана само гласини, медиумите не беа далеку од вистината.
Поп-пејачката и британскиот принц се обиделе да создадат своја бајка, но очигледно не им било судено. Она што се шпекулира со годините се чини дека е вистина, а зошто врската која можела да биде најпопуларна во светот не успеала, откриено е многу години подоцна.
– Се допишувавме извесно време преку електронска пошта и одлучивме да се сретнеме. Тој требаше да дојде во посета, но тој никогаш не се појави. Тоа едноставно не успеа – рекла Бритни. Таа признала дека извисила на вечера, која всушност требаше да биде љубовен состанок.
Вилијам на крајот заврши во брак со Кејт Мидлтон, со која денес има три деца, а парот живее во хармоничен кралски живот.