📽 ПОМОШНИЧКАТА НА ЛЕПА БРЕНА ЗАИГРА И СТАНА ВИРАЛЕН ХИТ Емина танцуваше со метла и со крпа и направи спектакл
„Денес работно! Чистиме! Ајде, ајде…“
Ова го објави цветниот аранжер и уметник Саша Шекорања на видео на кое се гледа како со смеа и со танц ја средува куќата. Во тоа друштво му правеше енергичната Емина, домашната помошничка на Лепа Брена, која и овој пат се покажа како вистински „шоу-мејкер“, објави хрватски Нет.
Шекорања, во шега, ја „најави“ Емина како актерка од филмовите „Ни на небу, ни на земљи“, „Црна мачка, бел глушец“ и „Јади луто, пржи пиперка“. Додека во позадина свиреше Бренината песна „Мики, Миќо“, крпите и метлите набргу станаа само реквизити во една мала претстава исполнета со смеа и со добра енергија.
Реакциите не изостанаа. Меѓу првите се јави Индира Левак со коментар: „Генијално!“, а веднаш потоа и многу следбеници на Шекорања:
„Сакам ваква чистачка“, „Прекрасно! Сакам вакви луѓе околу себе – весели, разиграни и полни со живот“, „Колку добра енергија, видео полно со живот“, „Знаете дека сте успеале во животот кога ќе им донесете радост на луѓето и ќе им измамите насмевка на лицето“.
Дека Емина шири позитивна атмосфера каде и да се појави, покажано е и претходно. На прославата на семејството Живоиновиќ спонтано заигра во папучи, што предизвика вистинско воодушевување.
View this post on Instagram