ПОМОШ СТАСУВА И ОД ЦРНА ГОРА Хеликоптерот „бел 412“ од утре ќе гасне во земјава

Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари „бел 412“ и екипаж од 4 лица.

249

Црна Гора утре ќе испрати хеликоптер „бел 412“ да помогне во справувањето со пожарите во земјава, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

„Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер ‘Бел 412’ како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите“, соопшти македонското Министерство за одбрана.






Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката Шекеринска до нејзината црногорска колешка Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC. Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари „бел 412“ и екипаж од 4 лица.

Пристигнувањето на хеликоптерот се очекува утре, на 11 август, во утринските часови.

Поврзани содржини