ПОМОШ ОД РОМАНИЈА Авион за гаснење пожари со голем капацитет

2,523

По писменото барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите – брза реакција и одлука од страна на нашиот НАТО сојузник, Романија, која донесе одлука да нè поддржи со авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, информира Министерството за одбрана.

„Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка“, се вели во писмото кое го испрати министерката Радмила Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.






Ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија, велат од МО.

 

Поврзани содржини