Помош бараат над 8 милиони авганистански деца
Според проценките на Обединетите нации, на околу 14 милиони Авганистанци им е потребна итна помош, што огромно зголемување од декември 2019 година, кога бројот беше околу 9,4 милиони.
На околу 8,12 милиони деца во Авганистан им е потребна хуманитарна помош за да ја преживеат тековната година поради пандемијата на ковид-19, предупреди денеска хуманитарната група „Спасете ги децата“ (Save the Children).
Организацијата, претходно оваа година, извести дека на околу 5.26 милиони авганистански деца им е потребна некој вид итна помош за да преживеат. Сепак, поради тековната политика на карантин и физичко дистанцирање, дополнителни три милиони деца повеќе се додадени на списокот во последните месеци, јави ДПА.
Низ целата земја, многу пазари – кои обезбедуваа минимална дневна плата за милиони лица – беа принудени да затворат поради пандемијата.
– За милиони луѓе, здравствените установи едноставно не се лесно достапни. Оние неколку установи кои работат и се достапни на луѓето имаат недостиг од основни ресурси, вклучувајќи и кит за комплетите за тестирање ковид-19 и капацитети за лекување на болните. Затоа е од суштинско значење да се овозможи хуманитарните и комерцијалните добра да дојдат во Авганистан и брзо да се испраќаат онаму каде што им се најмногу потребни – изјави Милан Диниќ, директорот на Save the children во Авганистан.
Според проценките на Обединетите нации, на околу 14 милиони Авганистанци им е потребна итна помош, што огромно зголемување од декември 2019 година, кога бројот беше околу 9,4 милиони.