Помладиот пациент од Куманово, кој немал други заболувања, бил примен во тешка состојба во „8 Септември“

3,028

Не само кај нас, туку и во  други земји во светот, има пациенти кои имаат тешка клиничка слика, а немаат претходни болести. И кај нас има такви случаи,  и тоа, за жал, се случува и кај помлади пациенти, изјави министерот Филипче, во врска со тоа дека еден од последните смртни случаи е пациентот од Куманово, кој починал од ковид -19 на возраст од 47 години, иако немал претходни заболувања.

Филипче појасни дека тој бил примен на 3 април во многу тешка здравствена состојба во ГОБ „8 Септември“.






– Тешка состојба на заболен од ковид-19 е кога пациентот е целосно зависен од респираторна машина и има отежнато дишење, односно ткивата не можат да се снабдуваат со кислород. Тие пациенти веднаш се приклучуваат на респираторна поддршка – рече министерот.

Поврзани содржини