ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Со Србија, официјално ќе го ставиме во функција на крајот од оваа недела. Мислам дека во петок договоривме да имаме церемонија на отворање и почеток на функционирање на овој начин на контрола на патници на граница, изјави министерот за внатрешни работи најавувајќи дека Македонија преговаара и со Албанија за поставување на овој систем на два гранични премини.

1,709

Интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ меѓу Македонија и Србија стартува овој петок на преминот Табановце-Прешево. Новиот модел на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека од 4 јули таму ќе се контролира само влезот на луѓе и стоки во државата.






– Со Србија, официјално ќе го ставиме во функција на крајот од оваа недела. Мислам дека во петок договоривме да имаме церемонија на отворање и почеток на функционирање на овој начин на контрола на патници на граница – изјави Тошковски.

Паралелно, Македонија води интензивни разговори и со Албанија за воведување на истиот систем на два гранични премини.

– Сме во фаза на интензивни разговори и со Република Албанија, каде разговараме за два гранични премини, каде сметаме дека ќе се олесни движењето на граѓаните преку границите со новиот начин на контрола на патници таканаречен ‘One Stop Shop’ – додаде министерот.

Овој модел веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце, но сè уште не функционира во Белановце. Со Албанија се очекува дополнително проширување, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген зоната, ќе има само организациски подобрувања.

– Во однос на Република Грција, вчера бев на граничниот премин Богородица, каде што утврдивме дека има услови за подобрување на граничниот надзор од наша страна. Конкретно, можеме да ставиме во функција најмалку уште две ленти за излез со реорганизација, а можеме да ставиме во функција и уште една лента за влез за товарни возила – појасни Тошковски.

Овие мерки беа соопштени по средбата на Тошковски со неговиот литвански колега Владислав Кондратович, кој е во официјална посета на Скопје. Двајцата министри потпишаа Договор за реадмисија и за меѓудржавна полициска соработка.

Поврзани содржини