🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во Лондон

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.

823

36-годишен маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа. Инцидентот се случил утрово во североисточниот дел на градот.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.






„Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци“ – соопштија од полицијата.

36-годишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

Поврзани содржини