ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА ДОНЕСЕ ВО МАКЕДОНИЈА 207.000 ВАКЦИНИ „ФАЈЗЕР“ Вреден подарок во вистинско време

429

Во Институтот за трансфузиона медицина од вчера се складирани 200.070 вакцини „Фајзер“, донација од Полска. Вакцините пристигнаа заедно со полскиот претседател Анджеј Дуда, кој од вчера е во официјална посета на Македонија.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче, првата дама на Република Полска Агата Корнхаузер-Дуда и првата дама на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска, ќе го посетат Институтот за трансфузиона медицина.






Полскиот претседател Дуда, кој вчера пристигна во Скопје, денеска беше пречекан со највисоки државнички почести од шефот на државата Стево Пендаровски во Вилата Водно, каде што се одржува и тет-а-тет средба и пленарни разговори на делегациите на двете земји.

Поврзани содржини