ПОЛСКА ПОБАРА ЕКСТРАДИЦИЈА НА УКРАИНСКИОТ НАЦИСТ Зеленски и Трудо му ракоплескаа, а Рота го нарече „херој“

За време на говорот на украинскиот лидер Володимир Зеленски во канадскиот парламент на 22 септември, украинскиот националист Хунка, беше пречекан со аплауз и овации, а претседателот на Долниот дом од канадскиот парламент, Ентони Рота го нарече „херој“.

696

Полскиот министер за образование Пшемислав Чарнек соопшти дека презел чекори за екстрадиција од Канада на 98-годишниот нацист Јарослав Хунка, кој служел во СС дивизијата на Галиција во Втората светска војна.

„Со оглед на скандалозните настани во канадскиот парламент во врска со оддавањето почит на член на криминалната нацистичка формација СС „Галиција“, во присуство на претседателот на Украина Володимир Зеленски, презедов мерки за организирање на негова евентуална екстрадиција во Полска“, напиша Чернак на социјалната мрежа Х.






За време на говорот на украинскиот лидер Володимир Зеленски во канадскиот парламент на 22 септември, украинскиот националист Хунка, беше пречекан со аплауз и овации, а претседателот на Долниот дом од канадскиот парламент, Ентони Рота го нарече „херој“.

Поради скандалот со повикувањето на нацист, канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли денеска повика на оставка на Рота, нарекувајќи го инцидентот „апсолутно неприфатлив“ и „срам за парламентот и Канаѓаните“.

Рота денеска се извини за стоечките овации што во парламентот ги доби членот на нацистичката формација, а премиерот Џастин Трудо рече дека поканата до Хунка да дојде во парламентот е „исклучително срамна“ за Канада.

ТРУДО И ЗЕЛЕНСКИ МУ РАКОПЛЕСКАА НА СОРАБОТНИК НА НАЦИСТИТЕ? Одликувањето на Јарослав Хунка предизвика скандал во Канада

Поврзани содржини