ПОЛОВИНА ВЕК НЕПОТРЕБНО ИЗБЕЛУВАЊЕ НА ХРАНАТА Европската храна без титаниум

Покрај генотоксичноста, се смета дека изложувањето на титаниум диоксид предизвикува оштетување на цревните ѕидови, како и туморски заболувања. Затоа, после половина век употреба, од 2022 година, на менито на Европејците повеќе нема да има титаниум диоксид.

1,277

Во доцните 1960-ти, титаниум диоксидот (хемикалија TiO2) ја доби ознаката Е-171 и на тој начин беше вклучен во официјалната листа на дозволени и безбедни додатоци на храна. Класифицирана е како вештачка боја која слободно може да се додаде во слатки, колачи, супи, гуми за џвакање, готови оброци, производи од риба, сосови…

Меѓутоа, од 2022 година, на менито на Европејците повеќе нема да има титаниум диоксид.






Државите – членки го одобриле предлогот на Европската комисија за отстранување на титаниум диоксидот од пазарот на храна, пишува д-р Валерије Врчек, член на хрватското хемиско друштво и стипендист на Хумболт, добитник на бројни награди, раководител на Катедрата за органска хемија и експерт со богата научна кариера на Американскиот универзитет Јеил и државниот универзитет во Флорида, германскиот универзитет во Улм и други.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

Поврзани содржини