ПОЛОВИНА СКОПЈЕ ВО МРАК Струјата прави падни-стани
Како што ни пишуваат нашите читатели, веќе петнаесетина минути електричната енергија си игра „топло-ладно“ - една минута свети сијалицата, 10 минути не свети.
Центарот на главниот град западна во тотален мрак откако предмалку снема електрична енергија, а со сличен проблем се соочија и дел од жителите на скопската населба Аеродром, каде што исто така снема струја во домовите, а се изгаснаа и сијалиците од уличното осветлување.
Жителите на скопската населба Ѓорче Петров, пак, се пожалија дека забележале краток прекин на електричната енергија, а целосен прекин на електричната енергија има и во Карпош, Кисела Вода, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром и Зелениково.
Како што ни пишуваат нашите читатели, веќе петнаесетина минути електричната енергија си игра „топло-ладно“ – една минута свети сијалицата, 10 минути не свети.
Плусинфо се обиде да добие објаснување од ЕВН, но телефоните не работат.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.