Половина Грција во мини карантин од вторник

Освен полицискиот час од полноќ до 5 часот наутро и задолжителна маска на отворено и затворено, 50 отсто работење од дома за државниот и приватниот сектор, како и онлајн предавања за студентите, мерки што ќе важат за цела Грција, во регионите со зголемена опасност, се затвораат кафулињата, рестораните, кината, театрите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите.

622

По примерот на мерките воведени во Франција и Германија од вторник, во Грција стапуваат во сила нови ограничувања, но не во целата земја, туку во регионите со лоша епидемиолошка слика и зголемен број нови случаи.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата телевизиска порака до граѓаните за вториот бран на пандемијата, денеска ги соопшти новите мерки за заштита на јавното здравје, а во мини карантин, еден месец влегуваат Северна Грција и областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.






Грција, како што објасни Мицотакис, сега е поделена во две, наместо во четири зони како што беше претходно.

Првата зона е зона под надзор, а другата со зголемена опасност.

Освен полицискиот час од полноќ до 5 часот наутро и задолжителна маска на отворено и затворено, 50 отсто работење од дома за државниот и приватниот сектор, како и онлајн предавања за студентите, мерки што ќе важат за цела Грција, во регионите со зголемена опасност, се затвораат кафулињата, рестораните, кината, театрите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите.

Отворени ќе бидат продавниците, фризерските салони, хотелите и училиштата, а нема да се забрани движење меѓу регионите.

Мицотакис објасни дека за разлика од првиот бран минатата пролет, сега ќе има слободно движење на граѓаните, без да биде потребно да испраќаат смс пораки и истакна дека новите правила што ќе важат од 6 часот наутро во вторник се фокусираат на двете жаришта на ширењето на вирусот: „забавата и раздвиженоста на граѓаните“.

– Не говориме за целосно замрзнување на секојдневието. Затоа ќе повторам. Целосен lockdown е последниот чекор што ќе ги погоди економијата и општеството – рече Мицотакис.

Тој изрази надеж дека доколку мерките од планот за ноември донесат позитивен резултат, тогаш во декември ќе може да биде пооптимистичка ситуацијата, а земјата да се врати во понормални услови.

– Мојата денешна порака е онаа која од почеток сакав да не биде потребно да ја упатам. Но, не е дозволено да замижам пред суровата реалност. Мора повторно, здравјето и безбедноста на Грците да ги ставам над сите други опции – рече Мицотакис.

Надлежните министри за финансии и труд ќе го презентираат планот за економска поддршка на вработените и бизнисите, додека пак заменик-министерот за цвилна заштита вечерва детално ќе ги објасни новите мерки што во вторник стапуваат во сила.

 

Поврзани содржини