ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО Од Претпријатието информираат работат со сите сили за да го расчистат градот
Оттаму додаваат дека од утрово на терен се присутни работниците од Секторите: Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот.
По вчерашното невреме екипите на ЈП Паркови и зеленило интервенираа со ангажирање на 100 работници и механизација од 7 камиони и 2 платформи.
– Екипите работеа до 02 часот наутро при што беа расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки. Во текот на вчерашниот ден од 17 до 24 часот добивме 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот без оние во Градскиот парк – велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека од утрово на терен се присутни работниците од Секторите: Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот.
– Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција. Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации – информираат од ЈП Паркови и зеленило.