ПОЛИТИЧКИОТ ТЕАТАР НА ССМ И СДСМ СЕ ПОКАЖА НЕУСПЕШЕН Вистински партнер на работниците останува ВМРО-ДПМНЕ

ССМ и СДСМ имаат за цел да ѝ наштетат на Владата, која дава сѐ од себе и ги зголемува платите и правата на работниците, рече пратеникот Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

1

СДСМ и ССМ сѐ повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат. Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДСМ, кои со партиски маички беа во првите редови – рече денес на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Автобусите во организација на лица од СДСМ, кои патуваа празни за Скопје се доказ дека протестот на ССМ беше неуспешен. Со ова, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на СДСМ и ССМ, и довербата ја губат се повеќе.






ССМ предводено од Трендафилов, свесно оди во заштита на интересите на СДСМ, а не на заштита на правата на работникот. Трендафилов и оние неколкумина од врвот на ССМ, работат директно во интерес на СДСМ и на нивните политики, а со тоа имаат за цел да ѝ наштетат на Владата, која дава сѐ од себе и ги зголемува платите и правата на работниците.

Вистинските работници членови на ССМ, сѐ повеќе се прашуваат дали се дел од вистински синдикално здружување или се дел од политичката партија СДСМ. Но, и во двата случаи, ни едните ни другите не работат во нивен интерес. ВМРО-ДПМНЕ останува вистински партнер на работникот – рече Петрушевски.

Поврзани содржини