ПОЛИТИЧКИ МАНЕВАР И НИШТО ДРУГО Вака Силјановска ги коментираше т.н. оставки на министрите од ДУИ

Прво ќе се прашаат граѓаните дали да се менува Уставот и да се внесат Бугарите, вели Силјановска и додава „јасно е дека ги претставуваме граѓаните, на изборите ќе побараме да кажат што мислат за овие уставни измени, преамбулата не е место каде се гарантираат правата нашиот Устав им гарантира права на сите во член од истиот“.

473

Се работи за тн. оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се дсотавува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Вести плус што се емитува на телевизија Канал 5, а коментирајќи ги како што велат од ДУИ условените оставки на нивните министри, кои би се ефектуирале доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот.

Според неа нивниот чекор е само „политички маневар“.






Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија.

– Преговорите во рамки на тн. историска комисија се непресушен извор на барања истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија – кажа Силјановска.

Прво ќе се прашаат граѓаните дали да се менува Уставот и да се внесат Бугарите, вели Силјановска и додава „јасно е дека ги претставуваме граѓаните, на изборите ќе побараме да кажат што мислат за овие уставни измени, преамбулата не е место каде се гарантираат правата нашиот Устав им гарантира права на сите во член од истиот“.

Според професорката во Македонија не треба да се зборува за дискриминација по етничка основа.

– Дискриминари се оние кои плаќаат или не плаќаат струја. Во Македонија се дикриминари граѓаните како поединци. Крајно време е да го ставиме акцентот на стручнот и компетентност и сите ќе останат тука никој нема да си оди од Македонија – вели Силјановска.

На Македонија, укажува таа, најмногу и е важно владеењето на правото.

– Во сите устави има други во смисла на народи, и кај нас во Уставот има дел кој вели и правата на други и тука се сите и правата им се заштитени со член 48 и амандман 8 од Уставот – кажа Силјановска.

Поврзани содржини