Политички игранки

Откако почна за избори да се зборува, има преку 20 починати, се заборави сериозноста на ситуацијата, се загрози целосно секуларниот карактер на државата и се дозволи генерално опуштање поради конфузноста на мерките. Почнавте сите да водите само партиска кампања и пропаганда.

1,984

Имаме повторно подем на заболени со стапка од 12 проценти. Имаме највисок процент на смртност во регионот и трети сме во Европа, после Шведска и Британија. И на сето тоа, продолжуваат политичките игранки и тепачки за брзи избори.

Не можам, од друга страна, да разберам како целата одговорност се префрлува на МВР, кога Владата не сакаше да ги запре верските обреди или да престане со арбитрерните, контрадикторни и селективни мерки во насока на брзање кон избори.






Потоа тука е и тезата за потребата од политичка Влада – и тоа доаѓа од партија која има 22 министри и 15 министерства. Значи, ако до толку се само Чулев и МВР виновни, не правете само политичка пропаганда, туку тргнете го и него и другите две заменички и направете политичка влада.

Ама да се гледа ова мизерно шоу, да се гледа како се прави лов на вештерки и се туркаат партиски агенди (и тука се виновни сите партии), стварно е мизерно и очајно.

Откако почна за избори да се зборува, има преку 20 починати, се заборави сериозноста на ситуацијата, се загрози целосно секуларниот карактер на државата и се дозволи генерално опуштање поради конфузноста на мерките. Почнавте сите да водите само партиска кампања и пропаганда.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини