Политички Дедо Мразовци
ДС Дедо Мраз: Павле Трајанов со брада. Не носи ништо, не зема ништо само седи тука. Засекогаш.
СДСМ Дедо Мраз: Ти носи поклон од сѐ за 99. Ти ја продава куќата и ти приватизира дворот, а за то треба да му платиш.
ВМРО Дедо Мраз: Ти го краде поклонот шо сам си го купил и те убедува дека е за твое добро. Ти клава бубица за прислушување.
Левица Дедо Мраз: Иди и ти кажва дека Нова година е конзумеристички и капиталистички празник чија цел е сиромашните да купуваат од корпорациите. Не ти носи ништо, собира 5к лајка.
Алтернатива Дедо Мраз: Нов е на работа, место поклони ти носи црвени вапцани јајца и те честита Ден на независност.
Интегра Дедо Мраз: Ти носи подарок за желба шо ќе ја имаш во 2066-та.
ДУИ Дедо Мраз: Рамковно работи од дома, не носи поклони.
ДОМ Дедо Мраз: Не иди пошто ги пуштил ирвасите во дивина за да живеат на слобода.
ДС Дедо Мраз: Павле Трајанов со брада. Не носи ништо, не зема ништо само седи тука. Засекогаш.
СПМ Дедо Мраз: Дедо Мраз е мртов!
ВМРО-НП Дедо Мраз: Ти носи поклон само ако си бил добар Бугарин.
Либерална партија Дедо Мраз: Ни ти ни тој не знаете дали воопшто постоите.
(Фејсбук статус на авторот)