ПОЛИТИЧАРКА ВО ТЕКОТ НА ГОВОРОТ ДОБИЛА КОНТРАКЦИИ Родила девојче (ВИДЕО)
Во деветтиот месец од бременоста, кандидатката за Сенатот на Минесота застанала пред стотина луѓе.
Американската политичарка Ерин Меј Квад во текот на говорот на конвенцијата на нејзината партија добила контракции.
Во деветтиот месец од бременоста, кандидатката за Сенатот на Минесота застанала пред стотина луѓе.
„Значи, објавена е веста дека имам породилни болки, така?“, ја прашала публиката откако дошла на подиумот, а многумина ѝ аплаудирале.
„Ова е наш момент заедно да ја изградиме нашата иднина, да ја отклучиме моќната трансформативна политика што значи дека можеме да помогнеме да се постигнат сигурни и стабилни заедници, да создадеме економски можности и просперитет, како и да ги заштитиме нашите граѓански и човекови права и да ја зајакнеме нашата човечка и јавна инфраструктура. Извинете“, рекла таа, па направила пауза поради породилните болки. Политичарката се фатила за трудничкиот стомак кога почнале контракциите.
Квад по говорот отишла во болницата, каде што ја родила ќерката Хериет Блејк Меј Квад.
View this post on Instagram
Во таа прилика, една новинарна викнала дека веројатно ќе има проблеми кога ова ќе ги искоментира, но дека не може да молчи бидејќи нешто важно се случило.
Таа го прозвала колегата на Квад кој не можел да почека 10 минути и да ја пушти таа прва да се обрати на насобраните.
– Толку за женските права – рекла таа.
ФОТО: Јутјуб