ПОЛИТИЧАР НА ТРАМП БАРА СЕЛЕНА ГОМЕЗ ДА ЈА ДЕПОРТИРААТ ОД АМЕРИКА! Пејачката остро му одговори, тој ѝ возврати
Политичарот на Доналд Трамп, Сем Паркер, ја повика владата на САД да ја депортира пејачката и актерка Селена Гомез од нивната земја.
Политичарот на Доналд Трамп, Сем Паркер, ја повика владата на САД да ја депортира пејачката и актерка Селена Гомез од нивната земја.
Кандидатот за американскиот Сенат, Сем Паркер, беше првиот што повика Селена Гомез да биде депортирана, како приказ дека не смее да постои толеранција за поддржувачите на „спротивната страна“.
Селена е родена во САД и е американски државјанин. Нејзините баба и дедо го напуштиле Мексико за подобар живот.
„Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци пред Америка, таа е потомок на третата генерација на мексикански илегалци кои добиле државјанство во Амнестијата во 1987 година. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините родители илегалци“, напиша Паркер.
Само неколку часа по овие тврдења, Селена објави одговор на Инстаграм. Селена му даде недвосмислен јасен одговор на Паркер.
„О, господине Паркер, господине Паркер. Благодарам за смеењето и заканите“, напиша Селена Гомез.
„Ги вбризгувам твоите солзи во моите вени“, гласеше одговорот на политичарот.
Поп-ѕвездата и актерка Селена Гомез одговори на повиците дека треба да биде депортирана од САД, бидејќи објави видео во кое сочувствува со мексиканските мигранти.
Оваа 32-годишна пејачка плачеше пред камерата поради масовното депортирање на имигрантите без документи, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.