Полициски синдикат: Прифаќаме вакцинирање на нашето членство само во домашни здравствени установи
Полицискиот синдикат подвлекува дека прифаќа донации на вакцини од своите колеги од соседството и Европа, но вакцинирањето да се реализира дома.
Македонскиот полициски синдикат ќе прифати донација на вакцини против ковид-19 од синдикатите од соседството и Европа само ако вакцинирањето на припадниците на полицијата се врши во домашните здравствени установи.
Од синдикатот, велат дека неприфатливо е списоци на нивни членови да бидат доставени на странски земји за да се вакцинира членството.
– Далеку од здрав разум е да бидат изготвувани списоци со лични податоци на наши членови кои воедно се припадници на безбедносните сили на РСМ , и доставување на стански држави,со што автоматски би го загрозиле безбедносниот систем на државата – велат од синдикатот.
Синдикатот информира дека се во преговори со одговорните министерства во владата за вакцинирање на припадниците на полицијата и добиле одговор дека нивното вакцинирање е планирано во делот на прироитетните фази односно во II фаза од Националниот план за вакцинацијата од ковид -19.
– Паралелно сме во секојдневна комуникација со CESP( Советот на Европските полициски синдикати)каде членки се Германија, Шпанија, Франција, Португалија, Италија, Кипар, Грција, Романија, Бугарија, Албанија и сите земји од поранешната СФРЈ, каде што Македонскиот полициски синдикат е рамноправен член за нивно ангажирање и лобирање кај нивните Влади за донација на Владата на РСМ од вакцини за ковид-19 кои би биле исклучиво наменски за припадниците на МВР – велат од Синдикатот.