ПОЛИЦИСКИ ЏИП СЕ ПРЕВРТЕ ВО СКОПСКО ЈУРУМЛЕРИ Возилото излетало од патот и паднало во канал (ФОТО)

Според досегашните информации, во сообраќајката нема тешко повредени, а полицијата за подоцна најави повеќе детали.

532

Полициско возило денеска учествувало во сообраќајка во скопското село Јурумлери, по што излетало од патот и се превртело во канал, објави Сител.

До несреќата, според првичните информации на телевизијата, дошло откако автомобил, претекнувајќи, му го пресекол патот на полицискиот џип, по што дошло до судир.






Според досегашните информации, во сообраќајката нема тешко повредени, а полицијата за подоцна најави повеќе детали.

Фотографиите од сообраќајката може да се погледнат ТУКА.

Поврзани содржини