ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ТРУЈАЧИТЕ СО МАЗУТ Под контрола е и Асмир Jахоски

Бирото за јавна безбедност, испишува историја во битката против загадувањето. Покрај приведувањето на Ратко Капушевски, „обезбеден“ е и Асмир Јахоски првиот човек на „Пуцко Петрол“.

2,616

Неофицијално, денес Бирото за јавна безбедност, со останатите надлежни институции, почнале координирана акција против компании и поединци инволвирани во сомнителна набавка на мазут, што ги загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

Како што објави Плусинфо приведен е Ратко Капушевски познат увозник на нафтени деривати. Плусинфо неофицијално дознава дека полицијата го „обезбедила“ приуството на Асмир Јахоски, првиот човек на „Пуцко Петрол“.






Разоткриена е мрежа на увозници кои противзаконски испорачале некаков вид горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија, што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и на почвата.

Состојбата е аларманта со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот. Токму загаденоста се смета како една од најголемите причини и за иселувањето.

Некои имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото, како заштитени бели мечки од одредени центри на моќ.

Се работи за огромна сума околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.

Во моментов, државата испраќа јасна порака – нема толеранција за оние што го трујат народот!

ПРИВЕДЕН Е БИЗНИСМЕНОТ РАТКО КАПУШЕВСКИ Поранешниот директор на „Борис Трајковски“ е приведен за сомнителни набавки на деривати

Поврзани содржини