Полицијата заплени над 2.000 петарди, приведен е 35-годишен кумановец

Во соопштението се посочува дека е извршен и претрес на домот на приведениот и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства.

298

На кумановскиот плоштад „Маршал Тито“ денеска во 16.50 часот приведен е С.М. (35) од Куманово, бидејќи кај него биле пронајдени пиротехнички средства, информира Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се посочува дека е извршен и претрес на домот на приведениот и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства.






„Против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини