Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 51, 38 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 85 мерки за непрописно паркирани возила и 23 санкции за неносење заштитна маска – се вели во соопштението од МВР.
Оттаму порачуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови, па поради тоа апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.