ПОЛИЦИЈАТА УЛОВИЛА 193 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ Најпијаниот имал рекордни 4.28 промили алкохол во крвта

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението на МВР.

503

Во текот на вчерашната вечер (25/26.12.2021) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 193 возачи, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од нив, 63 на територијата на СВР Скопје, 27 на територијата на СВР Битола, 17 на територија на СВР Штип…






Во Битола, пак, полицијата фатила возач со дури 4.28 промили алкохол во крвта, а тоа претставува поставување нов рекорд по оној од 4.26 промили кој беше поставен на 10 октомври годинава.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини