ПОЛИЦИЈАТА ГИ „ЛОВИ“ БЕЗОБЅИРНИТЕ ВОЗАЧИ Шестмина возеле без дозвола, двајца биле пијани
Шест возачи биле фатени без дозвола, додека двајца управувале возило под дејство на алкохол во повеќе градови низ државата.
Осум возачи биле приведени во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, а дел од нив седнале зад волан без возачка дозвола, додека други управувале под дејство на алкохол.
Според информациите од полицијата, шестмина од приведените возеле без положен возачки испит. Тројца од нив биле откриени во Скопје, а по еден во Тетово, Гостивар и Велес. Дополнително, двајца возачи биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол – по еден во Гевгелија и во Велес.
По документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од полицијата апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без дозвола и да не управуваат возило под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.