Одделот за специјални намени при МВР спречил 14 обиди за напуштање на заштитениот регион Дебар и Центар Жупа каде што има околу 130 припадници на МВР и 65 припадници на АРМ кои го обезбедуваат тој појас, информираше министерот за внарешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција на отворено пред зградата на МВР.
Тој информираше дека на армиските припадници МВР им отстапило возила, а полицијата постапувала во спровод на 36 граѓани до границата со Косово.
– Помогнавме и во спровод на два конвоја, едниот до Албанија, а вториот до Косово. Имаме најава за влез на 200 лица кои биле заглавени на различни гранични премини. Во постојана координација сме со надлежните органи и со нив ќе се постапи според насоките дадени од Министерството за здравство – додаде министерот Чулев.
Тој додаде дека полицијата обезбедува 173 лица кои се во домашна изолација, а во Битола 13 лица, во Тетово 16 лица.
Во Охрид се обезбедуваат 82 лица, во Струмица 12 лица. Полицијата утврдила дека едно лице од Струмица ја прекршило забраната и против него е поднесена пријава.
– Во Куманово се обезбедуваат шест лица, а во овој град се контролирани се 40 објекти. Полицијата ќе постапува согласно препораките дадени од Владата – порача Чулев.
Министерството за внатрешни работи регистрира три случаи на непочитување на мерката за самоизолација на лица во Тетово и Струмица, а четири случаи се проверуваат во Скопје.
Чулев апелираше до граѓаните да ја почитуваат препoраката за самоизлолација. Нема пријави дека препораките не ги почитуваат оние кои дошле од Северна Италија и аплеираше да се пријави доколку се забележи непочитување, преку емаил или телефонски.