ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИ ГРУПНА ТЕПАЧКА Над 300 ученици синоќа требало физички да се пресметаат пред Бисер

Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот, информираа надлежните.

614

Синоќа во ТЦ Бисер во скопски Аеродром се собрале поголема група на малолетници кои подготвувале физичка пресметка, соопшти полицијата.

Имено, по добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром биле преземени соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир.






– Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот – информираа надлежните.

Неофицијално, како што пренесоа синоќа дел од медиумите нешто пред 21 часот во околината на ТЦ Бисер била насобрана поголема група на малолетници, некаде околу 300 или по 150 од двете страни кои требало да учествуваат во „договорената тепачка“, но со навремената интервенција на полицијата била спречена поголема ескалација.

Поврзани содржини