📽️ ПОЛИЦИЈАТА СПАСИ ЖЕНА КОЈА СЕ ФРЛИ ВО ВАРДАР Итно е пренесена на Клинички

По пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје за укажување на помош, соопшти МВР.

3,164

Скопската полиција спаси жена која се фрлила во водите на реката Вардар под мостот на улицата Војвода Васил Чакаларов во Карпош. Министерството за внатрешни работи информираше дека реагирале веднаш откако бил пријавен случајот.

„По пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје за укажување на помош“, соопшти МВР.






Случајот бил пријавен околу 14 часот денеска, 16 август.

Поврзани содржини