ПОЛИЦИЈАТА СИНОЌА ТРАГАШЕ ПО ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ВО САРАЈ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Кривични пријави добија две лица
Како што соопшти полицијата по добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, претресени се домовите на Б.Л.(27), Е.Ш.(35), Х.Л.(22), А.Ш.(28) и А.Ш.(28), А.З.(25), Ѓ.К.(27), Л.И.(19) и Д.М.(24).
Полицијата синоќа изврши претреси на осум локации во Ѓорче Петров и Сарај на кои обезбеди докази за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”.
Како што соопшти полицијата по добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, претресени се домовите на Б.Л.(27), Е.Ш.(35), Х.Л.(22), А.Ш.(28) и А.Ш.(28), А.З.(25), Ѓ.К.(27), Л.И.(19) и Д.М.(24).
-При претресите пронајдени се докази за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, а во врска со претходно пронајдена поголема количина на муниција и автоматско огнено оружје на 23.08.2023 – се наведува во денешното соопштение од МВР.
Во полициска станица се приведени две лица, а се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на други лица инволвирани во кривичното дело.
Од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против лицата за кои се обезбедени докази, а се обезбедуваат докази и за други инволвирани лица. Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на две лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена.