Повеќе од двесте илјади демонстранти, од кои околу 14.000 во Париз, се собраа во неколку француски градови „во име на слободата“ да протестираат против мерките за контрола на коронавирусот, трет викенд по ред.
Приведени се 19 лица, од кои десет во главниот град, откако тројца припадници на безбедносните сили биле повредени во Париз.
Ситуацијата се вжешти подоцна на Бастилја, со доаѓањето на првата група демонстранти, а полицајците одговориле со солзавец и водени топови кон оние кои фрлале различни предмети врз нив. Во настанатиот хаос беше виден маж демонстрант со крвава глава.
Минатата сабота, повеќе од 160.000 луѓе протестираа против задолжителната вакцинација за здравствените работници и дополнителното воведување на т.н медицински пасоши.
Пратениците изгласаа закон за коронавирусот според кој од 9 август ќе бидат потребни пропусници за движење на повеќето места, бидејќи бројот на заразени лица се зголемува, како и бројот на хоспитализации.