ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ ДВА „КАЛАШНИКОВИ“ ВО ГОСТИВАРСКО Уапсени се татко и син

Пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловечка пушка, се наведува во соопштението на МВР.

249

Полициски екипи денеска, при претрес во семејна куќа и други простории во гостиварското село Ломница, пронашле и одзеле две автоматски пушки и муниција, а уапсени се 23-годишниот Е.Ф. и неговиот татко С.Ф.(65) кај кого било пронајдено оружјето, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата постапувала по судска наредба, поради основано сомневање за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.






„При претресот од лицето С.Ф. (татко на Е.Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловечка пушка“, се наведува во соопштението на МВР.

По вештачење и консултација со Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, информира МВР.

 

 

Поврзани содржини